Велика Британија испраќа уште 250 војници во Ирак
Владата во Лондон одлучи да испрати уште 250 британски војници во Ирак, со што речиси двојно го зголеми бројот на својот сегашен контигент во оваа блискоисточна земја.
Најголемиот број од новите војници ќе бидат во воздухопловната база „Ал Асад“ во провинцијата Анбар, во Западен Ирак околу 160 километри западно од главниот град Багдад.
Во новиот контигент има 50 специјализирани воени инструктори, 90 војници за обезбедување на базата,, како и 30 кои ќе се вклучат во работата на воениот штаб.
Други 80 војнци се инжинери, кои во наредните шест месеци ќе бидат ангажирани за изградба и уредување на инфраструктурата.
Во Ирак веќе се наоѓаат 300 британски војници, ангажирани за обука на ирачките сили и на курдските борци.
Во Лондон е соопштено дека Британците во Ирак нема да учествуваат во никакви борбени операции.
Министерот за одбрана Мајкл Фалон соопшти дека дополнителните трупи се британски придонес во борбата против милитантната група Исламнска држава (ИД).
Во соопштението се вели дека авионите на британското воено воздухопловство досега имаат извршено преку 900 воздушни напади врз цели и позиции на џихадистите на ИД во Ирак и во Сирија.
Околу 120 илјади припадници на британската армија и цивилни експерти, беа ангажирани по воената интервенција на САД и Брианија во април 2003 година, со која беше соборен режимот на Садам Хусеин.
Борбените операции на Британците завршија во април 2009 година. Вкупно 179 британски војници загинаа во Ирак.
Ново на Сител
-
Извозот од земјава во јануари-февруари изнесува 75 650 милиони денари, што е пораст од 1.6 проценти во однос на истиот период лани
-
Зголемени цените на угостителските услуги
-
САД го прекинаа емитувањето на „Радио Слободна Европа“ во Русија, Украина, централна Азија и Источна Европа
-
Димитриевски: Дијалогот во политиката е добредојден, но креатарот на проблемите не треба да биде и креатор на решенијата
-
Шевченко ја обвини УЕФА дека не сака да има Украинец во раководството на организацијата
-
Трамп разговараше со Нетанјаху за царините
-
Андон Чибишев: Минути биле пресудни за спас од отровните гасови во „Пулс“
-
Рубио: Наскоро ќе знаеме дали Русија сака мир