Велика Британија го санкционираше сопственикот на Челзи, олигархот Роман Абрамович
Владата на Велика Британија го санкционираше рускиот олигарх Роман Абрамович, замрзнувајќи го неговиот имот, вклучително и на англискиот фудбалски клуб Челзи.
Во денешното соопштение, владата нагласи дека на Абрамович му се „замрзнати средствата, забрана за трансакции со поединци и бизниси во Велика Британија, забрана за патување“. Абрамович и сојузникот на Путин, Игор Сечин, се меѓу седумте олигарси и политичари кои ќе бидат додадени на листата на санкции на Лондон.
Се проценува дека санкциите се во вредност од близу 20 милијарди долари (15 милијарди фунти). На списокот со санкции се додаваат уште седум олигарси и политичари:
Роман Абрамович, сопственик на Челзи и има удел во челичниот гигант Евраз и Норилск Никел
Олег Дерипаска, кој има удели во En+ Group
Игор Сечин, извршен директор на Роснефт
Андреј Костин, претседател на VTB банка
Алексеј Милер, извршен директор на енергетската компанија Гаспром
Николај Токарев, претседател на руската државна компанија за гасоводи Трансњефт
Дмитриј Лебедев, претседател на одборот на директори на Банката Русија.
Ново на Сител
-
Истрагата за „Пулс“ се проширува со нови 19 лица, осомничени се за „тешки дела против општата сигурност“
-
Почина Проф. Др. Александар Ношпал
-
Додик во Белград и покрај потерницата, ќе учествува на митинг за поддршка на Вучиќ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да избегне одговорност со евтини обиди за етничка манипулација
-
Љутков од Гевгелија: Градот на културата за 2025 година
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од Скопје
-
13 години од монструозното убиство кај Смилковско езеро
-
Руте вели дека Русија размислува за распоредување нуклеарно оружје во вселената