Вели: И јас сум дете на судија, секаде е убава традиција а кај нас е непотизам
Кога синовите и ќерките на судиите и обвинителите ќе ги наследат своите родители, секаде тоа е убава традиција а кај нас е непотизам вели за Детектор, Елвин Вели, Претседател на Здружението на обвинители.
Според него, кој и самиот е дете на судија, децата на правосудниот кадар не треба да бидат дискриминирани и треба да им се овозможи доколку сакаат и можат да станат дел од правосудниот систем, но како што вели, критериумите и правилата мора да бидат исти за сите.
„Јас сум дете на судија и тоа сум го почувствувал на своја кожа. Реално повеќе проблеми сум имал во работата поради тоа отколку придобивки. Секогаш се било со доза на резерва, да не речат заради ова, да не речат заради тоа. Јас сум имал прилика да работам и во суд и како самостоен адвокат и сега како обвинител, сум ги поминал сите делови и секаде било истото. Едноставно сметам дека не треба да биде проблем. Видете, нормално е следејќи го мојот родител како судија цел живот да ме привлекува правото. Тој првично беше против да бидам правник, но ме остави. И сметам дека сите треба да имаме еднакви можности до делот на аплицирање и во дел на запишување и завршување конкретно сега во Академијата како единствен начин за влегување во правосудството“ – рече Вели за Детектор.
Ново на Сител
-
Екипи континуирано ќе бидат во Кочани за интервенции од типот на пластична хирургија, изјави Таравари
-
Мицкоски: Од април 2 200 денари повисока минимална плата
-
Јаневска: Сто и триест психолози се достапни на учениците, студентите, децата во градинките и на граѓаните по несреќата во Кочани
-
На Додик му е испратена копија од пресудата, има рок од 15 дена за жалба
-
Сопругата и ќерката на газдата на Пулс од вчера се во полициска станица
-
Кавадарчанец возел со 2,60 промили алкохол во крвта и излетал од пат
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје поради натпреварот Македонија-Велс
-
Таравари: 20 пати го ризикувал животот за да спаси други, добредојде дома Јован, твојата приказна ќе живее вечно