-->
-->
Велешката градска депонија се уште гори
-->
Пожарот на велешката градска депонија за смет и покрај тоа што е локализиран, од вчера попладне се уште гори.
Екипи на Противпожарната единица и на ЈКП Дервен го гаснат пожарот со вода, а од утрово се затрупува и со земја со булдужери од страна на градежни фирми кои ги ангажира општина Велес.
Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев изјави дека причина за големиот пожар на велешката депонија се околните земјоделци кои палеле стрништа во близина на депонијата, по што вчера попладне се запали и депонијата за смет.
- Горат големи количества на пластика, текстил и секаков вид смет, но и покрај напорите на сите вклучени во неговото гаснење депонијата сигурно ќе гори до утре, а кога се надевам дека пожарот целосно ќе се изгасне, рече Чадиев
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МОН: Честит 5 Октомври – Светски ден на учителот
-
Над 20 интервенции ноќеска во поплавени куќи во Тетово
-
Тошковски: Да се фокусираме на професионалноста, а не на етничкиот предзнак
-
Фич: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни
-
Кривична пријава за криумчарење мигранти
-
Приведен крадец во тетовско
-
АХВ нареди нови мерки на ЈКП„ Комуналец“ од Струмица
-
Пронајдени над 50 килограми марихуана во Демирхисарско, приведено едно лице