-->
-->
Велешанец измамен со 18 илјади денари за огревни дрва
-->
- Во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера попладне 16:10 часот, 76 годишен велешанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 18 илјади денари. Измамениот пријавил дека маж дошол во неговиот двор и му понудил да му продаде шест кубни метри огревно дрво по цена од три илјади денари за кубен метар или за вкупна сума од 18 илјади денари, информираат денеска од СВР Велес.
Оттаму појаснуваат дека измамениот му поверувал и му ги дал парите по добиено ветување од измамникот дека заминува за да ги товари дрвата. Измамникот заминал и не се вратил.
Од СВР Велес информираа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ