Ве шпионираат во овој момент: Следат се што пишувате, 200 милиони луѓе ја имат оваа апликација
Експерти од компанијата AdGuard издале предупредување за тоа како популарната тастатура за Android, Go Keyboard ги шпионира своите корисници.
Октриено е дека тастатурата личните податоци на корисникот ги праќа на одалечени сервери, кои не припаѓаат на GOMO Dev Team. Кога би се праќало директно на девелоперите, би можело да се работи за некој вид на дијагностика, но во овој случај, големи се шансите да се работи за шпионирање.
Воспоставено е дека апликацијата на тастатурата користи и недозволна техника која може да превземе и да изврши опасен код.
Вкупно гледајќи GO Keyboard има преку 200 милиони корисници на своите две апликации. Двете се релативно добро оценети, со 4.4 и 4.5 ѕвезди.
Go Keyboard ги крши и одредбите на Google
Читајќи ги условите за користење на тастатурата објавена на GO Dev Team страницата, воспоставено е дека ваквото однесување ги крши и нивните сопствени услови за кристење. Покрај се Go Keyboard дели лични податоци веднаш по инсталациајта, врши комуникација со серверите за следење и има пристап до податоците на вашиот телефон.
AdGuard истакнува дека тоа е релативно често однесување на модерните апликации, но заклучува дека таквото однесување ги крши правилата на Google Play Store.
AdGuard она што го пронашле го пријавиле на Google и додале дека дозволите што оваа тастатура ги бара се причина за сомневање. Големиот број потребни дозволи, во комбинација со неовластен код претставува огромен сомнеж околу сигурноста и нарушување на приватноста.
Во секој момент, апликацијата може да го промени своето однесување, не само да украде e-mail, туку и да направи со телефонот што сака. Не смее да се заборави ни дека се работи за тастатура, па така секое внесување на податоци се врши преку нејзе.
Ново на Сител
-
Обид за кражба во простории на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал
-
ДИК: Двојните избори утре ќе ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, како и 83 странски новинари
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд
-
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321