Македонија
4. јуни 2022 - 10:23

Вчеравечер полицијата казнила 165 лица кои возеле под дејство на алкохол

Во текот на изминатата вечер (03/04.06.2022) во периодот од 21:00 до 03:00 часот на територија на Република Северна Македонија спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што се санкционирани 165 возачи.

Како што информира денеска МВР, најголемиот број од санкционираните се на територијата на СВР Скопје 36, на територијата на СВР Тетово 26, на територијата на СВР Битола 22… За време на контролата биле санкционирани и 206 останати прекршоци.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.