Вчера казнети 807 возачи
Како резултат на вчерашните (13.03.) сообраќајни контроли што ги спроведоа полициски службеници на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, од вкупно 807 издадените прекршочни платни налози, 172 се однесуваат на прекршоците поврзани со безбедносните норми – неносење на сигурносен појас и зборување на мобилен телефон. Односно конкретно – 102 прекршоци биле изречени за некористење на сигурносните појаси, а пак 70 платни налози за говорење на мобилен телефон при возење.
Покрај ова, од вкупната бројка платни налози, 211 прекршоци се однесуваат на неправилното паркирање, 180 - на непочитување на дозволената брзина на движење, како и 67 – за управување на возило без возачка дозвола.
Инаку, во текот на вчерашниот ден, во 12 случаи евидентирано е минување на црвено светло, 11- возачи се отстранети од сообраќај заради алкохолизираност, а исто толку мотоциклисти се санкционирани заради неносење заштитен шлем, како и 10 пешаци.
Надлежните полициски организациони единици ќе продолжат со планските засилени сообраќајни контроли, а МВР уште еднаш, во пресрет на претстојниот викенд, апелира до граѓаните учесници во сообраќајот за максимално почитување на сообраќајните правила и прописи во интерес на личната и на општата безбедност на патиштата низ земјава.
Ново на Сител
-
Шест лица повредени во сообраќајка во Куманово, меѓу нив и четворица полицајци
-
Во Словенија и Хрватска издадени предупредувања за невреме
-
Директорот на Ферари: Хамилтон ќе биде конкурентен и тоа многу наскоро
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Во Кавадарци одземено возило поради создавање бучава
-
Руте повика на нормализација на односите со Русија по завршувањето на војната во Украина
-
Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака за железничкиот Коридор 8
-
Без вода утре селата Батинци и Љубош