Свет
18. December 2019 - 11:25

Вчера беше најтоплиот ден во Австралија

Вчера беше најтоплиот ден во Австралија откако се води статистика. Просечните температури во земјата беа 40,9 Целзиусови степени, соопшти денеска австралиската метеоролошка служба.

Претходниот рекорд беше во јануари 2013 година кога беа измерени 40,3 Целзиусови степени.

Вчера, најжешкото место во Австралија беше Седуна, во јужниот дел на земјата, со температура од 46,5 Целзиусови степени. Сепак, според овој индикатор (најжешкото место во земјата за еден ден), рекордот не е срушен и најжешкото место во Австралија, откако се води статистика, сè уште е гратчето Едем во јужниот дел на земјата, каде што на 2 јануари 1960 година биле измерени 50,7 Целзиусови степени.

Метеоролозите за тоа место сега прогнозираат температури до 47 степени за наредните три дена.

Се очекува температурите во долината Оук во Југозападна Австралија утре да достигнат 49 степени.