Важна вест за пушачите - оваа вест одамна ја чекаат
Ако сте пушач поголем дел од својот живот и сепак доживеете длабока старост, веројатно среќата е на ваша страна. Џин Калмент, на пример, пушела секој ден од својата 21-годишна возраст, но сепак беше најстарата личност во светот кога во 1997 година почина на возраст од 122 години, вели Вашингтон пост.
За да ги разберат овие случаи, научниците на Универзитетот од Калифорнија спровеле студија за долговечните пушачи, споредувајќи 90 пушачи што ја надживеале 80-тата, со 730 што починале пред 70-тата година.
Тие откриле генетски маркери што на некои луѓе им овозможуваат да ги пребродат стресорите (услови што предизвикуваат стрес), како што е чадот од цигарите, подобро од другите луѓе. Всушност, се чини дека „маркерите ја промовираат долговечноста", вели авторот на студијата, Морган Левин, во соопштението до јавноста.
Кај нив исто така има и помал ризик од канцер.
Генетските тестови еден ден би можеле да им овозможат на луѓето полесно да дознаат дали спаѓаат во оваа „биолошки поинаква“ група.
Ова е добрата вест.
Лошата вест е тоа што Левин забележува дека таа група е „многу мала“ и дека „дури и меѓу оние што се генетски предодредени за долговечност, оставањето на цигарите веројатно сè уште е една од најдобрите работи што можат да ја направат за своето здравје“.
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори