Вашите статуси повеќе нема да бидат исти на „Фејсбук“
Популарната социјална мрежа со најновата промена се обидува да ги поттикне корисниците во статусите да користат само текст. Тестирањето на оваа нова опција веќе започна, а на корисниците ќе им овозможи да одредат после колку време нивниот статус ќе исчезне од „Фејсбук“.
Опцијата ја забележал еден корисник и ја споделил на веб-страницата и со тоа се потсети на времето кога статусите беа само реченици, а не и фотографии, филмови и слично.
Опцијата потсетува на алатката „Фејсбук приказни“ преку која корисниците споделуваат фотографии и видеа што се наоѓаат на врвот на нивната страница. Иако се покажаа како успешни на „Инстаграм“, тие и не се баш успешни на „Фејсбук“.
Дополнително на тоа, „Фејсбук“ воведе новост и на вашиот „News Feed“ – ќе се прикажуваат само постови од вашите пријатели, но не и од страниците што сте ги лајкнале.
Кај одредени корисници веќе е воведена новата алатка наречена и на десктоп и на мобилната апликација. Оваа алатка ќе прикажува само содржини од страниците што веќе сте ги лајкнале и оние кои имаат слична содржина.
Икончето во форма на ракета на декстоп се наоѓа во горниот лев агол, под „News Feed“, додека на апликацијата на врвот на страницата.
„Фејсбук“ со месеци ја тестира оваа опција и сега официјално ја лансира. Доколку сè уште ја немате новата опција, имајте на ум дека сè уште се развива и ќе се појави наскоро.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза