Вашингтон се подготвува за „најстудената инаугурација“ во последните 40 години
Главниот град на САД, Вашингтон, е замрзнат поради температурите под нулата, а церемонијата на инаугурација на Доналд Трамп в понеделник би можела да остане запишана во историјата како најстудената заклетва во последните децении, јави ДПА.
Иако не се очекува да биде толку студено како за време на вториот мандат на Роналд Реган во 1985 година, кога напладне живата достигна речиси минус 14 степени Целзиусови, според Националната метеоролошка служба, прогнозата за понеделник е максимална температура од минус 6 степени, но може да се чувствува значително постудено.
Традиционално, церемонијата се одржува на отворено на западната страна на Капитол.
За многу луѓе кои ќе одат на церемонијата, но не се меѓу најистакнатите гости, изгледите воопшто не се добри бидејќи треба да седнат на своите места долго време пред да започне церемонијата.
Трамп често користи такви ладни удари за потсмевно да праша каде отиде глобалното затоплување.
Поради ниските температури во 1985 година церемонијата мораше да се одржи во затворено, во ротондата на Капитол.
Според метеоролошката служба, тоа е „најстудената инаугурација“ од 1871 година, кога се водела евиденција.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски
-
Утре повторно бојкот на маркетите, министерот за економија најави нови мерки
-
Мицкоски: Одлуката на Уставен е конечна, ќе најдеме решение поединечно со компаниите
-
Се мапираат локалните предизвици