-->
-->
Вардар со втор пораз во серија
-->
ППД Загреб славеше над Вардар со 30:25 (16:14) во заостанатиот меч од третото коло во регионалната СЕХА лига. Загреб со оваа победа го задржа максималниот ефект, пет победи во исто толку натпревари, додека Вардар во шестиот меч го запиша првиот пораз.
‘Црвено црните’ уморни од неделното гостување во Данска и со одредени кадровски проблеми, не успеаја рамноправно да се носат до екипата на Веселин Вујовиќ со што наредија два порази во низа.
Загреб уште во првото полувреме стигна до предност од три гола (9:6 во 15. минута), и до полувремето ја одржуваше предноста од еден до два гола.
Последниот обид да фати приклучок Вардар го имаше во 39. минута кога Лазаров израмни на 19:19, но во наредните пет минути Загреб направи серија од 4:0, на која ‘црвено црните’ немаа одговор.
Вардар на овој меч играше без Штербик, Душебаев, Стоилов, Деревен (кои останаа во Скопје и не играа ниту во Данска) и Тоскиќ и Циндриќ.
Капитенот Лазаров со седум голови беше најефикасен кај Вардар, додека Загреб го предводеше Обрановиќ со шест голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трет ден „Депонијада“ во Кочани
-
Европската комисија го објави Извештајот за напредокот во интеграциите, владата на Мицкоски ветува реформи
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-
ВО ЖИВО: Извештај на ЕУ за Македонија
-
Мицкоски: Не сме ние наивни како Ковачевски и Османи
-
СДСМ бара комисиска седница за новиот директор на АНБ
-
Во тек се консултации за нови членови на Комисијата за помилување
-
Уставен не поведе иницијатива за Законите за Бехтел и Енка