-->
-->
Вардар ја освои титула, Ренова останува во Првата лига
-->

Екипата на Вардар и официјално ја одбрани титулата фудбалски шампион на Македонија.
Вардарци на коло до крајот на Првата лига, попладнево како домаќини во Пробиштип ја совладаа екипата на Шкупи со 2:0 со голите на Бобан Грнчаров (50-минута), Ховханес Хамбарџумјан (77).
Со трите освоени бодови Вардар на коло до крајот е недостижен за второ пласираната Шкендија која заостанува пет бодови.
Во директниот меч за опстанок во Првата лига, во Тетово фудбалерите на Реанова го совладаа Хоризонт Турново минимално со голот на Емран Рамадани во 54-минута.
Комплетни резултати од денешните натпревари во ПМФЛ:
Плејоф: Вардар – Шкупи 2:0, Шкендија – Силекс 3:0 и Брегалница – Работнички 0:0.
Табела: Вардар 74 бодови, Шкендија 69, Силекс 43, Работнички 40, Шкупи 38 и Брегалница 33.
Плејаут: Ренова - Хоризонт Турново 1:0 и Металург – Младост Ц.Д. 4:0.
Табела: Ренова 44 бодови, Турново 43, Металург 22 и Младост ЦД 16.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сообраќајка во Струшко, тешко повредени возачите и еден сопатник
-
Прегазен 91-годишен пешак од Куманово
-
Отстранети две обемни диви депонии во скопската општина Чаир
-
ФСБ тврди дека Украинците се обиделе во Москва да го убијат митрополитот Тихон, исповедникот на Путин
-
Зеленски пристигна во Вашингтон на средба со Трамп
-
Истражителите сметаат дека смртта на Џин Хекман и неговата сопруга е „сомнителна“
-
Организирале борба со кучиња - уапсени три лица во тетовско
-
Штитеник на старечки дом во Белгија уби двајца свои состанари, а рани трет