Ван Квикенборн: Белгија е влезена во фаза на “наркотероризам“
Во интервју за белгиски медиуми, министерот за правда Винцент Ван Квикенборн, кој е под засилена полициска заштита по заканите за киднапирање, предупредува дека Белгија влегува во фаза на “наркотероризам“, јави дописничката на МИА од Брисел.
Изјавата на првиот човек на белгиската правда доаѓа откако беа разоткриени и елиминирани заканите за киднапирање, најверојатно поврзани со нарко-кругови и шверц на дрога. -Белгија е влезена во нова фаза, фазата на наркотероризмот, изјави Вак Квикенборн за повеќе медиуми. Министерот и неговото семејство се наоѓаат моментално на тајно место или safe house и не е познато до кога ќе мора да остане таму со неговата сопруга и двете деца.
Во меѓувреме уапсени се четири сомнителни лица од Холандија, сите поврзани со шверцот на дрога. Ван Квикенборн рече дека нивната цел била да се дестабилизира општество преку создавање страв во полицијата и судството, затоа што, како што рече, шверцерите се чувствуваат загрозено.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари