Вака ќе изгледа новиот Ајфон
Според "nowhereelse.fr" вака ќе изгледа предната страна на најновиот телефон на Apple за кој се верува дека ќе биде пуштен во продажба во септември.
Според фотографиите кои се појавиле на nowhereelse , новиот модел нема многу да се разликува од неговиот претходен iPhone 6 но ќе има нов "touch force" екран.
- Еден од моите доушници само што ми испрати неколку фотографии од новиот iPhone 6s напишал Стив Хемерстрофер на сајтот.
Apple моментално се подготвува за големо пробивање на пазарот со новиот модел.
Иако фотографиите покажуваат дека новиот iPhone ќе се задржи на 16GB основа на меморија, ќе има нов процесор и помалку чипови.
Според весникот "Wall Street Journal", ИТ гигантот порачал помеѓу 85 и 90 милиони единици во комбинација со два нови модели - од 4,7 и 5,5 инчи на големина на дисплејот до 31-ви декември.
Претходната година, Apple започна со рекордна производствена линија од 70 до 80 милиони за својата прва серија на телефон со голем екран.
Се претпоставува дека новиот модел iPhone 6s ќе има дебелелина од 7.1 mm што е за 0.3 mm повеќе во однос на актуелниот модел.
Фотографиите кои се појавиле ги анализирале експерти на сајтовите "9to5Mac" и ИТ фирмата "Chipworks" па според нив новиот NFC процесор ќе има сигурносни елементи.
Се наведува исто така дека и батеријата ќе биде поиздржлива, односно дека тоа ќе биде скоро ист iPhone 6s но малку помоќен.
Според гласините постојат две карактеристики кои ќе ги привлечат купувачите а тоа се поголем избор на бои и "Force Touch".
"Force Touch" технологијата се користи во најновиот MacBook и Apple Watch.
Технологијата користи тенки електроди околу Retina дисплејот со цел да разликува лесен допир од поснажен и така да нуди различни опции.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња