-->
-->
Вака Ким честита: Копчето за нуклеарката е на мојата маса, само чекам да го стиснам!
-->
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун рекол дека САД нема да може да започне војна против Северна Кореја сега кога таа има нуклеарно оружје со кое може да погоди било кој дел од американската територија, пренесува Ројтерс.
- САД е во доменот на нашето нуклеарно оружје , а копчето за неговото активирање е секогаш на мојата маса. Тоа е реалноста, а не закана, рекол Ким за време на новогодишниот говор кој го пренесе телевизијата.
.
Тој напомена дека секогаш го има „копчето за нуклеарно оружје на својата маса“, наведуваат светските медиуми.
Меѓутоа, Ким исто така понуди и „маслинова граница“ на Јужна Кореја, сугерирајќи дека е отворен за дијалог. Северна Кореја може ќе испрати и тим на Зимските олимписки игри.
Прашан да ги искоментира заканите од Северна Кореја до американскиот претседател Доналд Трамп,тој бил краток со одговорот: Ќе видиме, ќе видиме!.
.
Тој ова го изјави на новинарите за време на просалвата за Нова година во својата вила во Мар-а-Лаго на Флорида.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица