-->
-->
В затвор поради неиспрана долна облека на сопругот
-->
Поради расправија за валкана долна облека, односно одбивање да испере, Мексиканката Дулсе Рекена Гарсија помина половина ден во затвор.
Нејзиниот сопруг Едгар Иван Перес Алварадо (26) планирал да излезе со пријателите во кафеана и побарал од сопругата да му испере облека која имал намера да ја облече.
Сомневајќи се во неверство, Дулсе одбила тоа да го стори правдајќи се со замор и желба да гледа ТВ.
Едгар ја пријавил во полиција, а како причина навел - одбивање брачни должности.
Дулсе немала кај себе 400 пезоси да плати казна и 12 часа поминала во затвор заради неиспрани два пара гаќи и три пара чорапи.
Едгар Иван Перес Алварадо работел како возач на камион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Економистот со амбиција да биде лидер на СДСМ | Јован Деспотовски | Неформално | Sitel Podcast 049
-
Викдендов сончево и топло, од вторник повторна дестабилизација на времето
-
Прилепчанец три години ги силувал своите две малолетни ќерки
-
Штипјанец ја претепал својата мајка, па и се заканил, а потоа искршил дел од покуќнината
-
Скопјанец претепан од обезбедувањето на казиното во кое се наоѓал
-
Избувна пожар во куќа во Арачиново
-
Поскапува мазутот
-
Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови