В недела „Светски пикник“ во Градски парк во Скопје
Хуманитарната манифестација „Светски пикник“ во организација на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија ќе се одржи в недела на 9 јуни во 12 часот во Градскиот парк во Скопје на платото позади споменикот на Гоце Делчев, најави денеска Штефан Петер, претседателот на Советот на странски инвеститори и претседател на УО на ЕВН Македонија.
На четвртото издание на манифестацијата, како што посочи Петер на денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, секој посетител со купување на ваучер од 100 денари ќе може да вкуси десет различни кујни од земјите од каде доаѓаат странските инвеститори во земјава.
-Храната и музиката се најдобриот начин за пренесување на културата на странските инвеститори во земјава. Токму затоа го организираме четвртиот „Светски пикник“ во Градскиот парк во Скопје, кој е наменет за сите граѓани да дојдат и да уживаат. Сите собрани пари од манифестацијата ќе бидат донирани во Заводот за рехабилитација на лица со оштетен слух од Битола, потенцира Петер.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица