Ужасно злосторство го шокираше светот: Се вратил дома и кога не ги затекнал жената и четирите деца, крвавите траги открија ужасна вистина
Ужасно злосторство се случи во Индија. Разбеснета толпа линчуваше мајка и нејзините 4 деца и ги фрли во бунар под обвинение дека е вештерка.
Телата на Мангри Мунда и нејзините деца се пронајдени во близина на нејзината куќа во државата Ориса, а полицијата ги пронајде следејќи ги крвавите траги до местото на убиството.
Мангри, нејзините два сина и две ќерки, од една до 12 години, спиеле кога група мажи упаднале во нивната куќа на 26 јануари.
Шестмина мажи упаднале и до смрт ја претепале мајката и нејзините деца со дрвени палки и секира, по што нивните тела ги фрлиле во бунарот. Кога мажот на жртвата се вратил дома следното утро забележал траги на насилство и го пријавил нивното исчезнување.
Полицијата успеала да го уапси главниот осомничен за убиството, кој тврдел дека е врач.
Тој ги обвинил жртвите дека фрлиле магија на друго семејство во селото, а според неговите зборови, Мангри користела црна магија поради која наводно едно 12-годишно девојче се раболело и умрело во декември.
Полицијата се уште трага по останатите учесници во ова монструозно злосторство, а сите тие се осомничени за убиство, криминална завера и лов на вештерки, но официјални обвиненија допрва треба да бидат покренати.
Во ова место во Индија во пораст е бројот на убиства поврзани со вештерство, и покрај тоа што е забранет ловот на вештерки. Во 2017 година забележани се 99 случаи на „лов на вештерки“. Експертите велат дека мотив на овие напади и убиства освен празноверие често се и земја и имот на жртвите, а на мета најчесто се вдовици.
Девет лица минатата година се осудени на смртна казна поради убиство на тројца членови на семејство кои ги обвиниле дека се вештерки.
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот