Ужас во Њујорк: Ги заборавил едногодишните близнаци во автомобилот и заминал на работа, кога се вратил по 8 часа веќе било доцна
„Не знаев дека се таму“, им рече Хуан Родригез (39) на полицајците, откако ги оставил своите две деца во загреан автомобил цели 8 часа.
Едногодишните близнаци, Феникс и Мариза, биле на задното седиште од неговиот автомобил пред болницата каде Родригез работел како социјален работник. Автомобилот го оставил во 8, а се вратил во 16 часот.

Дури кога тргнал, сфатил дека близнаците се во автомобилот и почнал да вреска. Лекарите не можеле ништо да направат.
Полицијата го приведе таткото и ќе го обвини за смртта на децата кои неодамна го прославија првиот роденден.
„Ова е голем шок за нас. Па наодама славеа роденден. Имаат и четиригодишен син. Никогаш не сум видела да ги злоставуваат децата или да ги пуштаат надвор без надзор. Беа добри родители. Како сега ќе живеат со ова?“, раскажува соседот.
Во САД секоја година во просек умираат по 38 деца кои остануваат заборавени во автомобил.
„Рајот доби два ангели. Таткото? Нека го фрлат во затвор“, додаде друг сосед.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска
-
Бубрежно болните на дијализа спас гледаат во трансплантација
-
Шокантни сведоштва
-
Ниту обвинителството ниту судот немаат против Јахоски да се брани од слобода
-
Власта бара итни оставки по интерпелациите, судски да свика седница
-
Антикорупциска ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
Започна изградбата на македонско-грчки граничен премин „Маркова нога“
-
ЕУ перспектива?