Ужас на аеродром: Работник удрил човек со бебе во рацете поради само едно прашање!
Работник на една авио компанија на аеродромот во Ница, удрил еден патник во лице во неделата, додека патникот држел бебе.
Жртвата требало да патува со лет на компанијата од Ница до аеродром во близина на Лондон во саботата. Летот бил одложен за 11 часа.
- Беше ужасна целата ситуација, не можам да поверувам дека луѓето можат така да се однесуваат, изјавила патничката Арабела Арк (49) која го фотографирала инцидентот.
Таа додала дека нејзиниот сопруг го задржал напаѓачот додека чекале полицијата да стигне.
Човекот со бебето бил одведен на испитување, но подоцна бил вратен. Патниците велат дека имал модриц на лицето од ударот.
Имавме озбилен проблем со некои личности, изјавил директорот на аеродромот во Ница.
Тој додал дека патникот се жалел за одложениот лет на вработениот. Изнервиранниот работник по некое време го удрил човекот. Работникот е суспендиран.
Ново на Сител
-
Алкалоид го пречекува АЕК во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп
-
Најмногу дожд во Крива Паланка, Виница и Струмица
-
Приведен возач во Штип, возел со 2,10 промили алкохол во крвта
-
Муцунски на одбележување на 30-годишнината од Дејтонскиот договор
-
Во Северна Кореја уапсени три лица поради неуспешната промоција на воен брод
-
Илиоски ја одбрани титулата светски првак
-
Најмалку три лица загинаа во рускиот напад со дронови врз Киев
-
Свежо време со повремен дожд и северен ветер