Ужас: Ја силувал сестрата, и направил бебе, а осуден само на воспитна мерка
Арјетон Красниќ (21) од Костолац правосилно е осуден пред Вишиот суд во Пожаревац на воспитна мерка - престој во притвор во поправен дом зошто два пати ја обљубил малолетната сестра М.Л. (14), која потоа останала бремена, и родила машко дете.
Иако во моментот на извршување на кривичното дело Красниќ бил полнолетен, утврдено било дека бил намалено пресметлив.
-Проценете е дека неговата психичка зрелост е на нивно на дете од 16 години. Поради затоа не му е судено како на помлад полнолетник, колку што навистина е стар, зошто во време на извршувањето на кривичното дело имал 19 години, туку како на постар малолетник од 16 години, објаснето е во пресудата.
Осуденото момчео кривичното дело го извршил во 2015 година и тоа во два наврати. Тој во семејната куќа во Костолац, користејќи го отсуството на родителите, ја обљубил сестрата која тогаш имала 12 години. Иако ја негирал вината, ДНК анализата потврдила дека тој е татко на детето.
При изрекувањето на пресудата и двете страни се согласија дека нема да поднесат жалби, со што таа стана правосилна.
Ново на Сител
-
Утре без струја дел од Аеродром и Карпош, без вода дел од општините Центар и Кисела Вода
-
Трамп се закани со дополнителни царини за Кина ако таа не ги повлече најавените возвратни мерки против САД
-
Прва психолошка помош со Васка Митова, специјалист психијатар од клиниката за психијатрија
-
Ѓорчевски: Во моментот кога го одземаа животот на Вања, го одземаа и мојот
-
Кривична за скопјанец кој го тепал својот син и сакал да го исфрли од нивниот дом
-
Две лица од кривопаланечко го убиле својот сосед, го запалиле телото и ги закопале остатоците
-
Од 3,5 на 2 години намалена казната затвор за Пајазити за прегазувањето на 22-годишната Теодора
-
Таткото на Вања: Полицајци ме правеа ретардиран, ме убедуваа се регрутирала во ИСИС заминала за Шведска