Свет
3. April 2022 - 9:05

Утрово серија експлозии во украинскиот град Одеса

Серија експлозии утрово предизвикаа бројни пожари на различни места во украинскиот град Одеса, изјавија локалните жители.

Експлозиите предизвикаа најмалку три големи пожари во индустрискиот дел во стратешкото пристаниште во Црно Море.

Сè уште нема официјални информации за тоа што се случува во градот.