Македонија
22. May 2024 - 16:52

Гласање во Охрид

Во Охрид на избирачкото место 1272 гласаат 711 граѓани.

Гласањето во избирачкото место 1272 во Охрид каде се врши прегласување во рамките на вториот круг од Парламентарните избори тече непречено .Излезноста до 15 часот каде право на глас имаат 711 граѓани според податоците  на ОИК изнесува 226 лица односно 31,79 проценти .За разлика од изборите на 8-ми мај излезноста до 15 часот сега  е помала за  11 ,53 посто  вели Антигона Сионов, претседател на Општинската изборна комисија .

Граѓаните доаѓаат на избирачкото место во Охрид лоцирано во спортската сала на основното училиште Христо Узунов и го даваат повторно своето право на глас со надеж за подобар живот .

Од охридската полиција најавија дека до овој момент прегласувањето во Охрид се одвива во фер и демократска атмосфера без пријавени нерегуларности или било какви инциденти .

Инаку процентуално излезеноста на ова избирачко место до 19 часот на изборите одржани на 8-ми мај беше 63%.