Утрово најсвежо во Лазарополе, измерени 7 степени
Утрово најсвежо е во Лазарополе, седум степени, а максимални 20 степени се измерени во Гевгелија.
Како што соопшти УХМР, 8 степени е на Попова Шапка, 9 во Берово, 10 во Крива Паланка и Маврови Анови, 11 во Крушево и Битола, 12 во Тетово, 13 во Скопје - Петровец, Прилеп, Охрид и Претор, 14 во Куманово, Демир Капија, Дебар, Струмица и Штип, 15 во Виница, Кавадарци и Велес, како и 16 степени во Скопје - Зајчев Рид.
Времето во текот на денот ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината краткотрајно ќе засилува. Максималната температура ќе достигне 32 степена.
Ново на Сител
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница