Утрово најстудено во Берово
Утрово е најстудено во Берово, 4 степени, а во Велес се измерени 15. Како што информира УХМР, до 08:30 часот температурата изнесувала 5 степени во Лазарополе, 6 на Попова Шапка и во Маврови Анови, 8 во Битола и Претор, 9 во Охрид, Тетово и Струмица, 10 во Скопје-Петровец, Штип, Крива Паланка, Демир Капија, Прилеп, Дебар и Крушево, 12 во Виница, Гевгелија и Кавадарци, како и 14 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Дојран.
Изутринава во североисточните делови има мала локална облачност, а наместа дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во текот на денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 30 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 29 степени.
Ново на Сител
-
Во беровската полиција однесено неексплодирано убојно средство
-
Можно е Фицо да биде префрлен на лекување во Братислава
-
Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм
-
Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска
-
Француската полиција уби вооружен маж кој се обидел да запали синагога
-
Бејби Лазања ја одби владината парична награда од 50.000 евра
-
Построги казни за пиење алкохол на јавно место на Мајорка и Ибица
-
Новости на „Гугл“ за „Андроид“