Македонија
24. March 2021 - 12:08

Утринските температури до сабота под нула

Утринските температури до сабота ќе бидат значително ниски за овој период од годината.

Во следните два дена се очекува да бидат во интервал од -8 до -1 степен, а во сабота од -6 до нула степени.

Веќе од недела, синоптичарите најавуваат позначителен пораст на утринските температури.