-->
-->
Утре вонредна седница на Советот на Општина Куманово
-->
Советот на Општина Куманово утре ќе одржи вонредна седница на која ќе се расправа за состојбата во ЈП „Чистота и Зеленило“ и ќе се преименува Одлуката што беше донесена на претходната седница на која беше утврдено да се стават под залог комерцијалниот дел од комплексот базени во Куманово и салата за парастос со цел одблокирање на сметката на претпријатието и обезбедување плата за вработените.
- Вчера добивме мислење од Министерството за финансии дека не е надлежно за давање согласност за ставање под залог, хипотека на општински имот и на имот на јавно претпријатие. Ставање под залог на салата за парастос, имотниот лист на ЈП „Чистота и зеленило“ ги опфаќа и капелата и гробните места, така што се инсистираше од УЈП тие работи да бидат одделени што претходните дена беше завршено и треба исправка на кастаратската парцела за салата за парастаси, рече градоначалникот Зоран Дамјановски на прес-конференција.
Советниците се договориле за одржување вонрдна седница на која, нагласи, ќе се направат двете интревенции за комплетирање на документите.
Дамјановски апелира вработените да бидат трпеливи зашто платите ќе се исплатат, додаде, штом се одблокора сметката.
Претседателот на советот на општина Куманово Александар Арсиќ соопшти дека на советничките групи им се доставени материјали за да можат да донесат конкретни одлуки за претпријатието.
- Советниците можат да добијат само поддршка од нас, да им овозможиме фер враќање на долгот ко УЈП, но и граѓаните да не се затрупаат со смет. Советот ќе се произнесе во интерес и на граѓаните и на вработените. Целта е да ги откочи сите проблеми, изјави Арсиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса
-
„Ел Гол Дигитал“: Голем број ѕвезди на Реал се изјаснија за оставка на Анчелоти
-
Голема акција: Запленети 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми
-
Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа
-
МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Сеизмолошка опсерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен
-
Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите