Утре почнува Рамазан
Светиот исламски лунарен месец Рамазан во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати почнува во сабота, соопштија синоќа верските власти во двете земји, пренесоа француските медиуми.
Комисиите, што го следат лунарниот годишен циклус, утврдија дека вчеравечер не било можно да ја видат младата месечина, што се појавува на почетокот на новиот месец, па соодветно на тоа постите ќе почнат во сабота, соопштија медиумите.
- Во сабота почнува Рамазанот и во Либан, изјави муфтијата на Земјата на кедарот, шеикот Абделатиф Деријан.
Во шиитски Иран канцеларијата на врховниот лидер Али Хаменеи уште не го објавила датумот за почетокот на постите.
Рамазан е месец на простувањето, покајувањето и милосрдието, можност муслиманите да станат сочуствителни со луѓето кои имаат потреба од помош, доброволно лишувајќи се од храна и вода.
Секој правоверен, кој ќе ги почитува постите, не треба да јаде, ниту да пие од изгрејсонце до зајдисонце. Во тоа време треба да се воздржува и од сексуални контакти.
Над 1,5 милијарда верници од цел свет во текот на следниот месец планираат да ги спроведуваат постите, пракса што се смета за еден од столбовите на исламот. Од оваа обврска, меѓутоа, ослободени се патниците, воините, возрасните и болните луѓе, бремените и жените кои дојат, забележува ТАСС.
Ново на Сител
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево