Утре почнува неделата на соопштување на лауреатите на Нобеловите награди
Со објавување на имињата на лауреатите за медицина, утре почнува годинашната сезона на добитници на Нобеловите награди. Традиционално најголемо внимание привлекуваат наградите за мир и литература.
Според традицијата, името на добитникот на Нобеловата награда за медицина ќе биде објавено утре, во вторник за физика, во среда за хемија, во четврток за литература и во петок за мир. Следниот понеделник ќе биде објавено името на добитникот на Нобеловата награда за економија.
Досега само двајца добитници ја одбиле Нобеловата награда и тоа за литература. Тоа во 1958 година го сторил Борис Пастернак и тоа под притисок на советските власти, додека Жан Пол Сартр, кој ги има одбиено сите добиени награди, Нобеловата награда ја одбил во 1964 година.
Нобеловите награди постојат благодарение на шведскиот научник и индустријалец Алфред Нобел, изумителот на динамитот, кој сакал секоја година да се издвојуваат пари од неговиот фонд за придонес кон човештвото.
Во Париз во 1895 година, една година пред неговата смрт, Нобел во тестаментот ја вклучил и желбата да се основа Нобеловиот фонд од кој ќе се доделуваат награди на најзаслужните.
Нобел (1833-1896) ги определи институциите кои секоја година ќе ги доделуваат наградите, вклучувајќи ги Шведската академија за литература, Институтот за медицина Каролинска, Шведската кралска академија за физика и хемија, како и Комитетот за мир, кој е специјално избран од норвешкиот Парламент.
По повод 300-годишнината од постоењето Централната банка на Шведска во 1969 година ја востанови Нобеловата награда за економија.
Нобеловата награда се состои од златен медал, диплома и чек од девет милиони круни (околу еден милион евра), а паричниот износ на наградата се дели доколку во една дисциплина има повеќе лауреати.
Доделувањето на Нобеловите награди традиционално се одржува на 10 декември, денот на смртта на Алфред Нобел.
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога