Македонија
23. September 2024 - 12:34

Утре и во среда локални врнежи од дожд, потоа стабилно со пораст на температурите

Следува период на релативно топло време. Утре и во среда ќе има зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд, краткотрајно поројни и повремено проследени со
грмежи.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во деновите потоа времето ќе биде стабилно со постепен пораст на температурата.