Утре без струја делови од општините Кисела Вода, Ѓорче Петров, Центар и Чаир
Поради технички зафати во електро-мрежата утре без струја ќе бидат делови од општините Кисела Вода, Ѓорче Петров, Центар и Чаир, информираат од РЦУК Скопје.
Од 9:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. 1439 во населба Пинтија, а од 11:30 до 13:00 часот корисниците од ул.Солунска Глава во Драчево, општина Кисела Вода.
Без струја од 8:30 до 15:30 часот ќе останат корисниците од ул.Борис Сарафов, ул. Жеденска, ул. Панајот Гиновски во општина Ѓорче Петров.
Од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. Востаничка и тоа од број 82 до број 144 во општините Центар и Кисела Вода, од 8:30 до 10:00 часот корисниците од ул.Славка Динкова во населба Драчево, општина Кисела Вода, а од 14:30 до 15:30 часот корисниците од ул.Борис Трајковски, подулица 26 во општина Кисела Вода.
Утре од 8:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. 309, ул. Радњанска, дел од ул. Орце Николов, ул. Отон Жупанчич, и корисниците од ул. Антоние Грубишиќ и околината во општина Центар, а од 8:30 до 14:30 часот дел од корисниците од ул.Дижонска и ул. Божин Стојков во општина Чаир.
Ново на Сител
-
Влада: Уставните измените со одложено дејство се се уште во игра
-
Мицкоски: Сакаме да биде конструктивни но не плашат билатералните прашања
-
Италија сè уште ги признава само возачките дозволи со „Република Македонија“
-
Коцевски демантира дека вршел притисок врз обвинители
-
СДСМ предлага минималец од 450 евра, ВМРО-ДПМНЕ најде грешки во пресметката, реагираше и ССМ
-
Единствен регионален пазар – придобивки и предизвици
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче: Минимална плата 27.700 денари