Уставниот суд оформил предмет по иницијатива на Левица за разрешувањето на Фадил Зендели
Подносителот, како што се наведува во соопштението од Судот, смета дека оспорениот акт ја суспендира законската должност на пратеникот да учествува во работата и одлучувањето на работното тело, дека не може пратеник да биде разрешен од работното тело на Собранието без предлог на матичната Комисија за прашања на изборите и именувањата, исто така подносителот наведува дека не ги исполнува кумулативно сите деловнички услови за да се најде на дневен ред.
-Според наводите во иницијативата подносителот смета дека Одлуката е во спротивност со членови (8 ст.1, 51,61 ст.2, 68 ст.1 алинеја 16 и чл.76 ст.1) од Уставот и дека е во спротивност со Законот за пратениците, членови(4, 6 ст.4, 10 ст.1, 12 ст.1, 20, членови од Деловникот 69 ст.2,79 ст.1,108 ст.1 и 2, 117 ст.2, 125 ст.1,184 ст.2, 2 ст.7 алинеја 3). Подносителот на иницијативата предлага до Судот да биде изречена времена мерка – привремено запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија преземени врз основа на оспорениот подзаконски акт, се додава во соопштението.
Разрешувањето на Зендели беше побарано откако Движењето „Беса“ премина во опозиција и мнозинство во Комисијата за избори и именувања наместо власта, имаше опозицијата. Поради блокадата на работата на Комисијата беше закочен и изборот на нови членови на Уставниот суд, како и други именувања.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети