Уставен поведе постапка за одредба од Законот за нотаријат
Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за одредба од Законот за нотаријат со која е предвидено доколку нотарот не го положи стручниот испит за проверка на знаењето во предвидените рокови, односно на секои седум години, е должен во рок од 30 дена од одржувањето на стручниот испит да плати казна од 3.000 евра во денарска противвредност. Овие средства, како што е предвидено со Законот ќе се уплатат на наменската сметка на Нотарската академија при Комората и ќе се користат само за стручно оспособување на нотарите во рамките на Комората.
По плаќањето на казната, како што е предвидено со Законот, нотарот се стекнува со право повторно да го полага стручниот испит за проверка на знаењето во рок од шест месеци по претходното полагање на стручниот испит за проверка на знаењето, а доколку нотарот не ја плати казната или повторно не го положи стручниот испит за проверка на знаењето ќе биде поведена постапка за негово разрешување како нотар.
Оваа законска одредба е проблематизирана од Судот, бидејќи плаќањето на казната не е во согласност со владеењето на правото, а неполагањето на стручниот испит не смее да биде основа за губење на звањето нотар.
Уставниот суд поведе постапка и по иницијативата поднесена од повеќе граѓани од Скопје за оценка на уставноста и законитоста на Одлука за поништување на Одлуката на Советот на Општина Центар од 22 март годинава за донесување на ДУП „Централно зеленило покрај реката Вардар-Јужен дел“ - Општина Центар-Скопје, која била донесена од Советот на оваа општина на 13.09.2012 година.
Од Советот на Општина Центар го поништуваат планот од 2012 година за да важи тој од 2004 година, наместо да донесат нов урбанистички план.
Од Судот појаснуваат дека Советот на општината нема надлежност да поништува донесени планови, туку да носи планови во процедура согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање. Поништувањето на плановите го врши Уставниот суд или тој план престанува да важи со носење на нов урбанистички план.
Ново на Сител
-
Украина лансираше дронови врз Москва и врз западна Русија
-
Иран: Хезболах е одговорен за нападот со дрон врз резиденцијата на Нетанјаху
-
Во Молдавија се одржуваат претседателски избори и референдум за ЕУ
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
-
Утрото студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди
-
Крај на големото тениско ривалство: Ѓоковиќ го победи Надал во Ријад
-
Минчев: Министерството за јавна администрација в понеделник со конкрени насоки за сите огласи, конкурси, унапредувања по укинувањето на „Балансерот“
-
На аеродромот во Тирана регистрирана рекордна бројка патници, до година во функција и аеродромот во Валона