Успешно се реализира проектот за вработување 300 лица со инвалидност
Проектот со кој се предвидуваше вработување 300 лица со инвалидност се реализира успешно. Голем дел веќе се вработени и овој проект наскоро треба да биде завршен, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
- Владата во континуитет реализира проекти со кои им се помага на ранливите категории граѓани со особен фокус на инвалидните лица. Токму поради тоа се реализира и проектот за вработување лица со инвалидност во јавната и државната администрација. Овој проект е во завршна фаза на реализација. Со него им се помага на голем број граѓани од различен вид и степен на инвалидност, рече министерот Спасов одговарајќи на новинарско прашање на промоцијата на донација на помагала за слепи лица.
Додаде дека со огласот биле опфатени најранливите лица со инвалидност кои подолг период се без работа и се во најтешка материјална состојба.
- Опфатени се слепи и слабовидни лица, глуви и глувонеми, лица со комбинирани пречки, со интелектуална попреченост и со телесен инвалидитет, рече министерот за труд и социјална политика и додаде дека голем дел од нив веќе вработени во околу 105 институции.
Појасни дека дел од нив се вработени во МТСП, во центрите за социјална работа, Агенцијата за вработување на Република Македонија,...но и во сите други државни институции, каде, како што рече, се прифатени многу добро од своите колеги.
- Позитивно е да се истакне дека нивото на свесност кај сите граѓани постојано се зголемува. Со сите овие проекти влијаеме да бидат прифатени лицата со инвалидност во секојдневието на нашето општество, бидејќи тие се рамноправни чинители во него, рече Спасов.
Додаде дека реализацијата на овој проет наскоро треба да биде целосно завршена.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија