Уште едно четврточно искачување на Водно
Друштвото „I love hiking - group Macedonia“ денеска организира уште едно четврточно искачување до врвот на Водно. На крајот од турата, вообичаено, ентузијастите ќе ги пречека музика, односно настап на ди-џеј, како вид награда за искачувањето.
- Со иницијативата почнавме во април 2017. На првото искачување се пријавија 20 - 30 лица, а денес веќе броиме 300-400. Идејата е да се поттикнат граѓаните почесто да го посетуваат Водно, да бидат во што подобра кондиција независно дали се спортски активни или не и да се рабуди истражувачкиот дух, духот за шетање по планини, рурални средини, изјави за МИА Владимир Крстевски - Хари од „I love hiking - group Macedonia“.
Искачувањето е обично од април до септември, секој четврток. Почнува во 18 часот откако групата ќе се собере пред ОУ „Кочо Рацин“, а симнувањето од врвот на Водно е во 21:30. Во летните денови, за време на жештините, терминот се поместува подоцна. Тогаш турата е од 19:30 или 20:00 часот.
Како што објаснува Хари, групата искачувачи оди со водичи и редари.
Од ланското искачување произлегле четири до пет „сериозни“, активни планинари кои веќе искачуваат и врвови на Блаканот.
Во годинашнава, втора сезона на четврточните искачувања на Водно што стартува пред три недели, на „I love hiking - group Macedonia“ им се приклучија и „Маседониан бајк рајдерс“, како и „Неозболни велосипедисти“.
Уште една група љубители на планината организира искачувања до врв на Водно. Наречена е „Осветли го Скопје“, но вообичаено, турите се само четири пати во годината, кога има полна месечина.
Ново на Сител
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина
-
24-годишна велешанка осомничена за серија кривични дела во само пет дена
-
Денеска се празнува Сретение Господово
-
Во Кисела Вода почнува акција за бесплатно собирање кабаст и електронски отпад
-
Активности на премиерот Мицкоски на Безбедносната конференција во Минхен
-
Тексас го погоди земјотрес со јачина од 5,2 степени
-
Зеленски: Украина има мали шанси да издржи во војната против Русија без поддршка од САД