Уште една жртва од Ковид-19 во Албанија, вкупно 29 смртни случаи
Во Албанија почина уште еден пациент од последици од новиот коронавирус,со што вкупната бројка се зголеми на 29 лица.
Според албанското Министерството за здравство и социјална заштита станува збор за 73-годишен маж од Драч, кој бил хоспитализиран во болницата „Шефќет Ндроќи“ 24 дена.
– Пациентот Х.К.(73) од Драч речиси еден месец беше во тешка состојба со акутна респиратона инсуфиенца. Боледуваше и од други болести. И покрај сите напори на лекарите тој почина. Изразуваме сочувство до семејството, се наведува во соопштението на Министерството.
Во Албанија според последните податоци, вкупната бројка на заразени изнесува 736 лица. Оздравеле 422 или 57,3 отсто од вкупно заразените, додека 286 или 42,7 отсто од вкупно заболените се активни со Ковид-19.
Во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи“ хоспитализирани се 33 пациенти, од нив девет се на интензивна терапија и еден интубиран.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра