Македонија
15. July 2017 - 12:41

Уште една трагедија го потресе Прилеп

Вчера околу 11,00 часот во Прилеп, во штала сопственост на Р.С лоцирана во месноста викана „Подкомора“, самоубиство со бесење извршил Т.Т (1943) од Прилеп.
 
Лицето на 13.07.2017 година во 22.30 часот во ПС-Прилеп бил пријавен за исчезнат.Увид на лице место извршила екипа на ПС-Прилеп.
 
По наредба на Јавно Обвинителство телото на починатиот е предадено на семејството.