Уште еден повод за прослава: Бремената Александра со емотивна порака ги разнежни фановите
Пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ ова лето имаат многу причини за прослава. Тие двајцата најпрво на 21 јуни се договорија еден на друг да го изговорат судбоносното „ДА“, а потоа кон крајот на наредниот месец ги израдува веста што ќе станат родители, а сега на ред дојде и роденденот на ФИлип.
Иако е бремена, Александра Пријовиќ и натаму е многу активна и настапува, а во паузите меѓу работните обврски времето го минува со семејството.
Во нивниот дом денеска има посебна причина за прослава, со оглед на тоа што Филип го слави својот 33-роденден, а пејачката на својата посилна половина јавно и испрати најубави желби.
„Среќен роденден на мојот најдобар маж на светот! Те сакам“, му порача Александра покрај фотографијата од венчавката, која на 21 јуни се одржа во Белград.
Ново на Сител
-
Опожарени три автомобили во Расадник во скопска Кисела Вода
-
Околу 500 000 метри кубни дрва годишно завршуваат на црниот пазар
-
Без нов закон за средно образование нема целосна инклузија на лицата со попреченост
-
На Охрид му треба елитен или масовен туризам
-
Мариовско- Мегленски средби
-
Преглед на вестите од светот
-
Tема на денот со историчарката Наташа Котлар
-
Со ново одделение ЈО ќе се бори против корупцијата