Уште еден Албанец убиен во Сирија
Во борбите во сирискиот град Алепо загинал уште еден државјанин на Албанија, објавија денеска албанските медиуми.
Како што јави дописникот на МИА, станува збор за 44-годишниот Хамит Муслија од Тирана, чиј идентитет е потврден преку копијата на неговиот пасош, што ја објавија сириските владини сили.
Муслија на исламистичките борци во Сирија им се придружил во јануари 2013 година, откако за патување во регионот добил виза од Амбасадата на Саудиска Арабија.
На сириското боиште заминал заедно со уште тројца млади Албанци, поттикнати од сега осудениот самопрогласен имам Генц Бала.
Сопруга Вебије, заедно со четирите деца, му се придружила во средината на јули 2013 година и според информациите на надлежните служби, не се вратила во Албанија.
Името на Хамит Мусија првпат јавно беше споменато во текот на истрагата против деветмината имами-исламисти на кои неодамна им беше потврдена затворската казна во вкупен износ од 109 години.
Ново на Сител
-
Намален бројот на сообраќајки, прекршоците не стивнуваат
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Меѓувладина седница во Будимпешта – Македонија и Унгарија на иста страна за мир во Украина
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина
-
Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
-
ССМ: Или повисок минималец или генерален штрајк
-
Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор
-
За електронски индекси студентите ќе си почекаат