Уште десет македонски државјани го напуштија Израел, евакуација чекаат уште 100
Министерството за надворешни работи информира дека преку различни транспортни канали, уште десет македонски државјани го напуштија Израел, и тоа: четири со лет до Атина, петмина до Подгорица, а едно лице со лет до Истанбул. Заедно со оние кои претходно го сторија тоа, вкупната бројка македонски државјани кои во изминативе два дена го напуштија Израел, надмина 30.
Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив, во тесна координација со кризниот штаб во Министерството за надворешни активно работат на враќање на уште 100 наши државјани, кои побарале помош во напуштањето на Израел, и кои во најголем дел се наоѓаат на безбедни локации.
Еден дел од нив веќе имаат обезбедено билети преку редовните летови кои се активни преку меѓународниот аеродром во Тел Авив кој е во целосна функција.
Дел се наоѓаат во подрачја кои беа опфатени со насилните дејствија и се сметаат за небезбедни, за што веќе е обезбеден внатрешен транспорт низ територијата на Израел за нивно префрлување на безбедна локација, од каде би можеле да бидат упатени кон дома. Меѓу нив се и двајца наши државјани во Појасот Газа, за чие извлекување е задолжена Амбасадата на Северна Македонија во Каиро, која е во директна комуникација со Министерството за надворешни работи на Египет.
Според проценки на кризниот штаб, на територијата на Израел престојуваат до 200 макеоднски државјани, од кои поголемиот дел е прецизно лоциран и редовно се одржува комуникација со нив, се до нивно враќање во Северна Македонија. Министерството за надворешни работи изготви информација за состојбите во Израел, со проекција за наредните денови, која е доставена до Владата која одлучува за наредните чекори.
МВР апелира до нашите државјани во Израел да го следат Националниот портал за итни случаи (www.oref.org.il), односно тн. Home Front Command, специјализиран за цивилна заштита, кој излезе со нови препораки до населението, како и да се почитуваат сите други упатства на надлежните институции на Израел.
Министерството за надворешни работи на Северна Македонија на располагање ги има и двата СОС дежурни телефони - 075/ 273- 732 и 075/268-736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378.
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?