Уште 12 повредени на карневалот во Рио де Жанеиро
Рано утринава, за време на парадата на карневалот во Рио де Жанеиро, се урна горниот дел од една подвижна сценографија и притоа повреди 12 лица, соопштија здравстевните власти и организаторите на карневалот.
Полицијата врши увид на местотото на инцидентот.
Државниот секретар за здравство изјави дека од 12 повредени, деветмина се префрлени во блиската болница, додека две лица имале посериозни повреди.
Претставниците на Министерството за здравство, исто така, изјавија дека осум лица побарале лекарска помош поради претпрен стрес.
Ова е втор посериозен инцидент на годинешниот карнавл, откако во неделата падна подвижната сценографија на друго самба училиште и притоа повреди 20 лица, од кои три посериозно.
По двата инцидента организаторите одлучија да продолжат со карневалот.
Ново на Сител
-
Контејнери како депонии во Скопски Центар
-
Група професори по филозофија се спротиставија на новата концепција за гимназниско образование
-
Јавните претпријатија купуваат струја во последен момент, затоа е најскапа!
-
Преглед на вестите од светот
-
Надлежните најавуваат надминување на состојбата на Онкологија
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Прес конференција на претседателот на СДСМ
-
Проблеми со откупот на оризот