Ушаков: Русија не губи надеж во можноста за прекин на огнот во Украина
Русија не губи надеж во можноста за прекин на огнот во Украина, но забележува зголемени напади на украинските вооружени сили на руска територија, изјави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.
Тој истакна дека неодамна се случил најмоќниот напад од украински беспилотни летала на руска територија.
„Веќе помина една недела од предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за едномесечен прекин на огнот.
И што гледаме? Најмоќниот напад на украински беспилотни летала на руска територија во историјата, а потоа уште еден напад“, изјави Ушаков за весникот Комерсант.
Ушаков најави дека Русија не губи надеж и дека е потребен разговор меѓу Путин и Трамп.
Тој нагласи дека двајцата лидери немале контакт по посетата на специјалниот пратеник на Белата куќа Стивен Виткоф на Москва.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека денеска ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина и рече дека многу елементи од конечниот мировен договор се веќе договорени, но дека треба да се направи уште многу.
Ново на Сител
-
Зеленски: Украина е максимално конструктивна во разговорите во Саудиска Арабија
-
Имамоглу суспендиран од функцијата градоначалник на Истанбул
-
Куп на ЕХФ: Алкалоид ремизираше против Минаур Баја Маре
-
Со едночасовен молк во скопскиот Градски парк стотина млади оддадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани
-
Во Ријад почнаа разговорите на делегациите на САД и Украина
-
Двајца осомничени, илегално пренесувале амфетамин од Скопје до Гевгелија
-
Во Белград се одржа првиот состанок на Движењето за народот и државата
-
Насилство на скопската обиколница, предложен притвор за осомничениот