-->
-->
УС опен фаворитите немаа проблеми во 3.коло
-->
Фаворитите на вчерашните мечеви од 3.коло на УС Опен без поголеми проблеми се пласираа во осминафиналето. Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс ја победи Јохана ларсон со 2-0 во сетови (6:2 и 6:1), додека нејзината сестра Венус Вилијамс беше поуспешна од Лаура Зигемунд со 2-0 (6:1 и 6:2).
Пласман во следната рунда изборија уште: Јарослава Шведова, Карла Суарез Наваро, Симона Халеп, Агнешка Радванска, Ана Коњух и Каролина Плискова.
Кај мажите вториот носител Енди Мареј загуби еден сет и го совлада Паоло Лоренци со 3-1 (7:6; 5:7; 6:2 и 6:3). Со истиот резултат и Кеи Нишикори го победи Никола Махут 3-1 (4:6; 6:1; 6:2; 6:2). Најтешко со осминафиналето стигна Стан Вавринка кој со 3-2 во сетови (6:4; 6:3; 6:7; 7:6 и 6:2) го елиминира Даниел Еванс. Во следната рунда се пласираа уште: Доминик Тием, Хуан Мартин Дел Потро, Илија Марченко, Иво Карловиќ и Григор Димитров.
Попладнево и вечерва се играат првите осминафинални мечеви во двете конкуренции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трагедијата во Кочани ја отвори „пандорината кутија“ за индивидуалната, но и колективната одговорност
-
Заглавени возила кај Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп