-->
-->
Уругвај и Аргентина ќе поднесат заедничка номинација за СП 2030
-->

Фудбалските сојузи на Уругвај и на Аргентина ќе поднесат заедничката кандидатура за организирање на Светското првенство во 2030 година.
Уругвајскиот претседател Табаре Васкез соопшти дека на 30 август ќе оди во посета на својот аргентински колега Маурисио Макриј, а потоа официјално ќе ја испратат кандидатурата до Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
Двата сојуза веќе се договорија, Лионел Меси и Луис Суарез, фудбалери на Барселона, да бидат промотори на потенцијалниот Мундијал.
Уругвај два пати беше домаќин на шампионатите во фудбал (1930 и 1950 година), додека Аргентина беше организатор во 1978 година.
Нивен најсилен конкурент ќе биде Кина.
Следното СП ќе се игра во Русија 2018 година, потоа во Катар 2022. а во 20206 ќе се бира помеѓу САД, Мексико и Канада.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред