Уривање на еден урбан мит: Наргилето сепак е поштетно од цигарите
Многумина сметаат дека пушењето наргиле е помалку штетно од конвенционалните цигари, па претпочитаат да веруваат во тоа, со цел - да ја смират својата совест околу уништувањето на своето здравје. Сепак, науката смета дека тоа е само мит.
- Пушењето наргиле е всушност многу поштетно од цигарите, бидејќи количеството чад што се внесува во белите дробови од едно испушено наргиле, е еднакво на 100 цигари, посочува бугарскиот пулмолог, д-р Софија Ангелова во интервју за БТВ.
- Просто, нема нештетно пушење! Што и да се пуши, ние внесуваме токсични материи што можат да доведат до хронични белодробни заболувања, и тоа сериозно да му наштети на пушачот. Апсолутна заблуда е тоа дека водата во наргилињата го филтрира чадот, нагласува натаму докторката.
Натаму, таа појаснува дека белиот дроб се развива до 25-годишна возраст.
- Дишниот систем на 14, 15, 16-годишниците се уште не е целосно развиен. Ако еден млад човек почне да пуши, хроничното заболување е речиси неизбежно, додава таа.
Според неа, самиот пристап до наргилето треба да биде ограничен.
- Имено, родителите треба да мислат на здравјето на своите деца. Информирајте се!, гласи нејзиниот заклучок.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор