Ураганот Норма крај Мексико ослабна на ниво на тропска бура
Ураганот Норма, кој се формираше крај пацифичкиот брег на Мексико и се упати кон северозападната мексиканска сојузна држава Баха Калифорнија, ослабна на ниво на тропска бура, соопшти денеска американскиот Национален центар за урагани (НХЦ).
Според Центарот, се очекува Норма дополнително да ослабне во текот на следниве два дена, пред да стигне до бреговите на Баха Калифорнија.
Претпледнево, Норма, во чие жариште дуваат ветрови со јачина до 100 километри на час, се наоѓаше на околку 300 километри јужно од популарното туристичко одморалиште Лос Кабос. Бурата се движи со брзина од шест километри на час.
Во пресрет на наближувањето на Норма, мексиканските власти издадоа предупредување за опасност од тропска бура, пред се во јужните делови на Баха Калифорнија, каде невремето „може да донесе поројни дождови кои би предизвикале поплави опасни по животите на луѓето“.
Норма следува по бурата Макс која пред три дена ја погоди јужната мексиканска сојузна држава Оаксака на пацифичкиот брег, каде поројните дождови предизвикаа повеќе лизгања на земјштето. Оаксака на 7 септември ја погоди и земјотрес со интензитет од 8,2 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа 96 лица.
Минатата недела атлантскиот брег на Мексико беше погоден од ураганот Катја, а на почетокот на месецов Баха Калифорнија се најде на удар на тропската бура Лидија, при што загинаа седум лица.
Ново на Сител
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата
-
Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски
-
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки