Управа за заштита на културното наследство: Не се рушат градби кои се културно наследство
Управата за заштита на културното наследство во писмена реакција ги оквалификува како невистини денешните обвинувања на Роберт Алаѓозовски од СДСМ.
- Во однос на рушење на дел од културното наследство господинот Алаѓозовски или е целосно неинформиран или изнесува невистини затоа што при досегашните и идните активности предвидени на и околу античкиот театар, ниту е, ниту смее да се рушат никакви градби или елементи кои претставуваат културно наследство што навистина е забрането со закон, се вели во реакцијата.
Од Управата за заштита на културното наследство посочуваат дека конзервацијата на сценската зграда е завршена во 2016 година, а во моментот, како што се наведува во реакцијата, на оваа сценска зграда е невозможно да се направи целосна реконструкција бидејќи на дел од неа се наоѓаат современи христијански гробишта.
- Во врска со неговата изјава дека не се знае како точно изгледал античкиот театар во Скупи повторно треба на господинот Алаѓозовски да му нагласиме дека: На античкиот театар во Скупи во периодот од јуни 2013 година до мај 2016 година се извршени археолошки истражувања во кои целосно се истражи Театронот, Оркестрата, а Скената не се доистражи целосно со оглед на тоа што во нејзиниот северозападен дел се наоѓаат современите христијански гробишта, се вели во реакцијата и се додава дека истражувачкиот тим бил составен од стручни и научни лица од повеќе научни институции во државата.
За време на археолошките истражувања, се посочува во реакцијата, најдени се оригинални седишта Ин Ситу, коридори, влезови, степеници, оплати и слично со што се добиле доволно информации за изгледот на театарот.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор