УПОЗ: Живко Митревски е исклучен од членство
Синдикатот на УПОЗ денеска соопшти дека на вчерашната седница донел одлука да биде исклучен од членство, како што наведуваат, поранешниот претседател на ССМ, Живко Митревски.
- Одлуката од вчерашната седница на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ беше донесена од причина што Живко Митревски како член на Синдикатот на УПОЗ, подолг временски период постапуваше спротивно на Статутот на Синдикатот на УПОЗ, не ги почитуваше одлуките донесени од органите и телата и деструктивно делуваше и влијаеше врз останатите членови на Синдикатот, се наведува во соопштението од УПОЗ.
Според УПОЗ, Митревски направил обид за упад во Синдикатот на УПОЗ, Синдикатот за сообраќај и врски и во Синдикатот на одбрана и безбедност, а во моментот упад прави и СУТКОЗ со цел да се сменат раководствата на овие синдикати.
ОД УПОЗ го обвинуваат Митревски и за разнебитување на синдикатите, попречување на нивната работа и игнорирање на нивните активности.
- Тргнувајќи од овие оценки и констатации, членовите на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ сметаат дека ваквата одлука е оправдана дури и малку задоцнета, бидејќи деструктивното синдикално дејствување на членот на Синдикатот на УПОЗ Живко Митревски одамна е присутно во неговата работа, вели УПОЗ во соопштението.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска